По долгиот летен одмор, учениците од денес повторно седнуваат во училишните клупи. Над 20.000 првачиња во Македонија ќе го започнат своето основно образование. Во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески успешен почеток во новата учебна година на основците ќе им посака од основното училиште „Христо Узунов“.
Во средните училишта во земјава запишани се вкупно 17.131 ученик. Поголем интерес имало за стручното образование каде се запишани 9.983 ученици, а за гимназиско образование се одлучиле 6.703.












