По повод големиот Христијански празник, летен Св.Климент Охридски –Патронот на градот, во организација на Младинскиот Културен Центар-Охрид во соработка со Европската асоцијација на фестивали денес и утре ќе се одржи Вториот Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем- Св.Клименте“.

Вечерва, во 21 часот во чест на Св. Климент, со хорски песни низ улиците на Охрид  на разни локации, ќе се претстават 120 учесници на фестивалот од повеќе хорови и оркестри од Бугарија, Чешка, Романија, Русија со што и ќе го најават отварањето на фестивалот.
Централната вечер ќе се одржи утре, во 21 часот во Центарот за култура „ Григор Прличев“.

Фестивалот е подржан и финансиски помогнат од Локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид.

Влезот  е слободен.

OhridNews