Со низа активности и пригодни свечености Општина Охрид ќе го одбележи 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Програмата започнува вечерва со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упечве“ во 18 часот во Куќа на Робевци.

Во 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде одржана свеченост по повод 81-годишнината од ослободувањето на Охрид на која обраќање ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на Охридскиот музички еснаф, Венко Пашоски, по што ќе следува културно – уметничка програма.

Во текот на утрешниот ден предвиени се одбележување на патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец”, положување свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ, „Оhrid fly festival“, одбележување на патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, како и Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”.

Поради најавените временски услови со врнежи од дожд се одложуваат настаните за промоција на албумот „Егрегор“ и концертот на Никола Стојковски и Тања Царовска кои беше планирано да се одржат утревечер во предворјето на црката „Св. Софија“, како и музичко-сценскиот проект „Ехото на Охрид“ во ОСУ „Св. Климент Охридски“ кој требаше да се одржи во сабота, информираат од Општина Охрид.

OhridNews