
По продажната акција „Со моја рака направив без мака“ во 19 часот, ќе следува свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Празнувањата продолжуваат утре, во 18.30 часот со настап на актерите од охридскиот Народен театар во охридската библиотека, по што во просториите на НУ „Охридско лето“, во19 часот ќе се оддржи 15- та – Традиционална изложба на Фото клуб „ Охрид“. Во 19.30 часот, во Центарот за култура ќе се отвори традиционалната изложба на роднокрајни ликовни уметници. Во 20 часот, од градскиот плоштад предвидено е групното поаѓање кон Свети Климентовата црква на Плаошник.
OhridNews











