Со промоција на книгата „Сенки на поетичноста“ од Пандора Јовановска- Илиевска, денес, во 13 часот,во  Центарот за култура „Григор Прличев“, почнувааат годинешните „Прличеви беседи“.

Манифестацијата продолжува и во текот на наредните два дена.

Утре, во 13 часот, ќе се одржи свеченоста посветена на годинешниот лауреат  кога ќе биде претставена наградената поема на Веле Смилевски „Век за самување“, која жири комисијата ја одбра меѓу 20 те вкупно испратени поеми. Освен свеченоста по повод наградата, утре,во 11.30  ќе биде промовирана книгата „Лет број 555“ од Бобан Богатинов, а во изложбениот салон на Центарот за култура, посетителите ќе може да ја видат изложбата од ликовни дела од колекцијата на центарот.

На 6-ти февруари, меѓу останатите содржини, предвидена е и панихида на гробот на Прличев, промоција на ЦД изданието „ Охридската библиотека од основањето до денес“, традиционалната Прличева визита, а со почеток во 19 часот ќе се одржи свечената приредба по повод патрониот празник на основното училиште „ Григор Прличев“.

Освен Центарот за култура, во организирањето на „Прличевите беседи“ вклучени се и охридската библиотека, локалната самоуправа, Завод и музеј, и ОУ „Григор Прличев“, а манифестацијата е подржана од министерството за култура, Друштвото на писатели и издавачката куќа „Просветно дело“.

OhridNews