Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови
деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна
програма.
Преку програмата имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности како концентрацијата, меморијата, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, информираат од Црвен крст Охрид.
Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно, посочуваат.
Сите заинтересирани, велат, можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е- маил: [email protected] , или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 21.08.2025 г., секој работен ден од 9-15 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 06.09.2025 г. (сабота) од 09:00-11:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на шесте државни натпревари одржани во Скопје во 2012, 2013, 2015, 2016, 2017 и 2018 година, како и на меѓународните натпревари во Загреб-Хрватска, Белград-Србија и во Дубаи-Обединети Арапски Емирати.
OhridNews