Серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 04:01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарите на земјотресите се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.
Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 9:09 часот е регистриран во Скопје.
Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,6, а епицентарот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината, според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
OhridNews












