Слаб земјотрес бил почувствуван попладнево во јужните и југозападните делови на Македонија.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, во 12.45 часот бил регистриран умерен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Европската макросеизмичка скала-1998, со епицентар на околу
170 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција.
Земјотресот со слаб интензитет е почувствуван и во Охрид.