Под мотото „Инспирирајте се за иднината“ денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одбележат 30 години партнерство на државава со УСАИД.

Во рамки на програмата предвидено е обраќање на Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на УСАИД, мотивациски говор – „Партнерството е сила“ со Марта Пејоска, модна ревија – „Рециклирана убавина“ со Ирина Тошева, концерт на џез бендот на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев”, откривање на мурал од Енкел Дика и изложба на фотографии „Живот поминат заедно”.

Ќе се инспирирате, ќе се забавувате и можеби ќе заминете со идеја за вашето следно патување до успехот, порачуваат организаторите.

Настанот е со почеток во 17.30 часот, а влезот е бесплатен.

OhridNews