Под налетите на силниот ветар кој дуваше во попладневните часови во охридскиот крај, се скрши дрво од дрворедот по улицата „Македонски Просветители“, во близина на кружниот тек кај „Охридска банка“.

  • Дрвото од видот „липа“ беше старо и деградирано и не издржа, но за среќа не е предизвикана матерјална штета. Нашите служби веднаш излегоа на терен и дрвото веднаш е отстрането, а околниот простор темелно расчистен. – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ експресно го расчистија просторот

Ситуацијата е вратена во нормален тек, а сообраќајот и движењето на пешаците се одвива непречено, соопшти јавното претпријатие.

OhridNews