Под слоганот „Една песна една приказна“, вчеравачер во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор на настанот беше проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Концертот е поддржан од Општина Охрид преку Програмата за култура за 2023 година.
OhridNews














