71- годишна охриѓанка, вчера, во СВР- Охрид  пријавила дека пред три дена, 31- годишно лице под закана со нож и одзело 4.800 денари.

Имено,  пријавеното лице на 8- ми ноември, во домот на охриѓанката пиел пиво и ја убедувал да му даде пари. Откако бил одбиен, односно откако таа му кажала дека нема пари, истиот од џеб   извадил нож и  и се  заканил дека ќе ја убие неа и нејзиниот брат,поради што  истата се уплашила и му ги дала парите, по што пријавениот си заминал.

Охридската Полициска станица превзема мерки за целосно расчистување на случајот, по  што против истиот  ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews