Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против три лица од село Велешта за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 24- ти април , во Струга пријавените превезувајќи се во такси возило, со закана со пиштол од такси возачот одзеле 1.300 денари.

Истражен судија на едно од лицата му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

OhridNews