Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за давање под закуп во времетраење од 30 години на државно земјоделско земјиште до 10 хектари за подигнати долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) во Струга, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Во Струга се огласува земјиште за катастарската општина Враниште. Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи за Струга е 5.240 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Македонија.    

Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат исполнето  обврските по основ на закупнина  за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

Комисијата ќе изврши врши избор на најповолен понудувач врз основа на дефинираните критериуми од Законот за земјоделско земјиште, оддалеченоста на местото на живеење, понудената годишна закупнина по хектар, правниот статус на понудувачот и видот на планираното производство.

OhridNews