Денеска од 10 до 13 часот, хуманите охриѓани ќе можат да донираат на поставениот пунк пред маркетот „Тинекс“, како дел од хуманитарната акција за собирање училишен прибор, храна и облека наменети за децата од социјално загрозените семејства.

Оваа акција е во организација на невладините организации: Уметност на живеење, Арт Лајф, СУНА и Банка за храна Македонија, во рамки на активностите за борба против сиромаштијата.

Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на школската година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства.“  –  нагласуваат организаторите.  

Акцијата која ќе трае до 1 септември, ќе се спроведе и во Скопје и Штип.

OhridNews