Оваа среда, 20 ноември, аптеки Виа Фарм изненадуваат и подаруваат.  По повод Светскиот ден на детето, секоја аптека на Виа Фарм во Охрид и Струга, наградува и подарува.

Од 16 до 18 часот, во аптека Виа Фарм бр.2, кај Стоматолошки центар Д-р Баткоски, совети за детското здравје ќе дели д-р Билјана Главинчева. Покрај тоа, аптеки Виа Фарм обезбедија и подароци за секое дете.

На 20-ти ноември се одбележува Светскиот ден на детето, востановен со потпишувањето на Конвенцијата за правата на дететео на Обединетите нации – УНИЦЕФ, што се случи во 1989 година.

OhridNews