Претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска, во одделението за гинекологија при Општа болница го посети првото новородено бебе во Охрид за 2017 година, девојче, кое се роди вчера во 14 часот.
– Ова е исклучително големо задоволство, што во име на локалната самоуправа, градоначалникот и во свое име, на најмладиот жител на Охрид, малото девојче, симболично ќе му посакам топло добредојде. На овој начин сакаме уште еднаш да потенцираме дека она што е најголемо богатство на секој град па и нашиот, тоа се неговите најмлади жители, генерациите кои треба да го наследат градот и грижата за него. Денешниот чин е само една од мерките кои општината ги презема во насока на зголемување на наталитетот, на поддршка на семејствата со мали деца. Покрај останато да им ја честитаме Новата година на кадарот, вработените во одделението, рече Коњаноска.
Охиѓанката Нела Василеска, своето првороденче-девојче со тежина 3 килограми и 100 грама и должина 50 сантиметри, на свет го донесе вчера во попладневните часови.
– И мајката и бебето се во добра општа состојба. Во името на целата екипа на мајката и посакувам добро здравје и на новороденчето многу среќа во животот, изјави д-р Мимоза Влаши, специјалист гинеколог акушер, која го изврши пораѓањето.
Традиционално, бебето, од општина Охрид доби играчка и чек од 10.000 денари.
Второто родено бебе во 2017 на охридското одделение за гинекологија е од Струга и е женско.
OhridNews