Спортска опрема на ученици Наум Стојаноски од IV година и Христијан Стојаноски од II година во РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, спортисти, членови на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” им врачи директорот на училиштето Тони Андрески.
Спортските таленти треба да се поддржат и да им се даде можност да го развијат својот талент. Во таа насока, РЦСОО „Ванчо Питошески”- Охрид, го поттикнува и поддржува спортот кој е од голема важност за интеграцијата, еднаквоста и личниот развој. Овие наши ученици гордо стојат на пиедесталот на најдобрите во боксот, спорт кој го носи епитетот најтежок спорт на денешницата. Со голема љубов, труд и посветеност, тие освојуваат многу награди и признанија на меѓународни и државни натпревари. Им честитаме за постигнатите резултати, им посакуваме понатамошни успеси на рингот, но и искажуваме голема благодарност за нивната промоција на нашето училиште, вели директорот Андрески.
Воедно изразува надеж дека во новата учебна година ќе се запишат ученици кои и покрај љубовта кон угостителско- туристичкитa струка ќе покажат спортски дух.
Да всадиме доживотна посветеност на физичката активност и да ги промовираме вистинските вредности кај младите, вели Андрески.
OhridNews