За првпат оваа година Општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24-ти Мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се доделат и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општината и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети.

Парични награди за талентираните ученици и нивните ментори. Фото: Фрипик.

Ќе се доделува парична награда и за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето. За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците, информираат од Општина Охрид.

Постапката, додаваат, ќе се спроведе во текот на месец јуни во соработка со општинските основни и средни училишта. Подетални информации може да се најдат на линкот.

OhridNews