ПОДЕМ на професорот Живко Јанкуловски синоќа во Охрид ја претстави кандидатската листа за претстојните предвремени парламентарни избори, на која има тројца охриѓани.


Веднаш зад носителот Јанкуловски се најде дипломираниот инженер архитект Горан Лекоски, а на листата се најдоа уште и претседателот на охридскиот огранок Кире Џалески (10) и лидерот на подмладокот на партијата во Охрид Вангел Тасески. Од Дебрца на листата е Зоран Новески, а од Струга Науме Кутаноски -4 и претседателот на младите на ПОДЕМ во Струга Љупчо Донев.


Претседателот на партијата Јанкуловски на промоцијата на кандидатската листа истакна дека партијата на граѓаните ќе им понуди реална програма која посебен акцент ќе стави на решавање на економските проблеми со конкретни мерки, а во приоритетите на ПОДЕМ се социјалната политика, здравството, земјоделството и туризмот. Токму туризмот ќе биде адут на партијата во Охрид, која најавува дека доколку добие мандат ќе се залага за инфраструктурно поврзување на градот.


-Ние не можеме да имаме туризам без добра патна инфраструктура. Исто така приоритет ќе ни биде заокружување на колекторскиот систем со пречистителни станици на Охридското Езеро, изградба на неколку пристаништа и субвенбционирање на бродскиот сообраќај.-истакна Јанкулоски.


Тој е оптимист дека граѓаните ќе ја препознаат програмата на ПОДЕМ која, како што вели, нуди нешто различно од  тоа што се сервира на политичката сцена во изминатите 20 години и очекува дека партијата ќе освои пратеник во сите изборни единици.

OhridNews