Со стартот на денешните активности на градскиот фудбалски терен „Билјанини Извори” започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.

Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. За да го постигнеме тоа од денес до 19 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на соработката и разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници, велат од претпријатието.
Воедно, му посакуваат успех на тимот на Струга Трим Лум во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
OhridNews












