На состанокот се дискутираѓе околу преземените активности по завршувањето на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог (Охрид, 2010 година) и резултатите од истата, како и околу термините, форматот и темите за одржување на претстојната Конференција.
Од страна на министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, беше промовирано и петјазичното издание на публикацијата „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ и ДВД-то со документарниот филм, посветени на Втората светска конференција Охрид 2010.
На Конференцијата во Охрид во 2010 учествуваа над 300 претставници од сите религии од целиот свет, политичари, теолози и експерти кои дебатираа на тема „Културата и религијата како нераскинлива врска меѓу народите“. Тридневната конференција финишира со усвојување заеднчка Декларација.