Експедицијата на Ренова ги заврши десетдневните подготовките покрај Охридското крајбрежје. Освојувачот на Купот во Македонија од 2009 година ја подмлади и засили екипата, а подготовките во Охрид се полн погодок за тимот на Ренова.


– Треба и мораме да бидеме задоволни од подготовките во Охрид. Имаме доста нови фудбалери кои полека со вклопуваат во екипата и неколку играчи од младинскиот погон кои се префрлени во сенириоскиот состав. Работевме напорно, трениравме два пати дена и нам Охрид ни е неизбежна дестинација во лето и зима – рече Ќатип Османи, тренерот на Ренова.


Во текот на подготовките Ренова одигра четири контролни натпревари и забележа само една победа и тоа над третолигашот Младост од Царев Двор 2-1, претрпе порази од Пелистер 2-0 и Јавор 1-0, а мечот со Борац беше прекинат.

– Нам ни се повторуваат истите грешки неколку натпревари во Охрид. Создаваме шанси за погодок кои не ги реализираме и противникот немилосрдно потоа не казнува. До почетокот на сезоната има уште малку време, но се надевам дека ќе ги поправиме сите тие грешки – додаде Османи.

Сезонава  Првата македонска фудбалска лига ќе претрпе намалување на екипите и од дванаесет ќе брои десет, а со тоа од елитата ќе се збогуваат четири екипи. Во опасната зона се наоѓаат и „гипсарите“, но тоа не го загрживува Османи – Ренова ја гледам на средината на табелата, а со неколку врзани победи можеме да се бореме и за повисоките места на табелата.

Мх.П.