Ракометната репрезентација на Македонија го совлата Бахреин 32:28 во пријателски натпревар што се одигра во рамки на „Yellow CUP 2026“, што се игра во Швајцарија.
Нашата репрезентација пред почетокот на Европското првенство што од 15 јануари ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, ќе одигра пријателски натпревари со Украина денеска од 17:45 часот и Швајцарија, а предвидена е уште една контролна средба по пристигнувањето во Данска.
Македонија на ЕП игра во група со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.
Г.М.












