Завршена акцијата во стариот дел на градот. Подигнат е 21 кубик зелен и кабаст отпад информираат од ЈП Охридски Комуналец. 

Со оваа акција претпријатието започна со реализирање на Календарот за 2023 година на акциите за подигнување на кабаст и зелен отпад на територијата на Oпштина Охрид.

Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на Oпштина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот, велат од претпријатието.

OhridNews