Невремето, проследено со силен ветар од јужен правец, што го зафати  охридскиот регион од синоќа, придонесе големи количини отпад да се натрупаат во крајбрежниот појас од езерото.

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ од раните утрински часови го расчистуваа кејот на потегот од градското пристаниште до хотел Палас. При тоа, рачно и со помош на специјално возило-фекалка беа подигнати над 50 метри кубни отпад.

OhridNews