Со закаснување од повеќе од два месеца беше означен стартот на стрелачката сезона за младите пионери. Ваквиот развој на настаните не ги обесхрабри охридските пионери кои традиционално се погрижија да бидат број еден во државата.
На гостувањето во Битола каде се одржа III-тиот по ред Куп на Македонија во гаѓање со воздушна пушка-сериска програма за пионери и пионерки (првите два Купа се уште не се одржани), како по некое непишано правило пионерите од СК,,Охрид“ беа најдобри.
Првото место во екипна конкуренција со вкупно 467 кругови и припадна на екипата во состав: Попоски Васко, Гоџоски Мартин и Попоски Антонио
Во поединечна конкуренција првото место му припадна на Попоски Васко со 173 кругови, додека на третото место заврши Гоџоски Мартин со 161 круг.
Кај пионерките Емилија Маркоска се пласира на II-то место со резултат од 155 круга, додека на стрелиштето дебитираше младата Јана Маркоска која испука 145 кругови .
Кај стрелците од ЗСК „Лихнидос“ најдобропласиран беше Симон Блажевски со резултат од 155 кругови.
– Доколку вака продолжат да се одвиваат работите и понатаму Охрид повторно ќе се „закити“ со нови стипендисти на Агенцијата за млади и спорт која секоја година ги наградува најуспешните во сите спортови, а тоа е и една од примарните цели на стрелачките клубови во Охрид- да се мотивираат се повеќе млади деца да се занимаваат со овој спорт и да ги уживаат благодетите од него – велат од СК Охрид.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com