Поднесена кривична пријава за охриѓанец за напад врз лице во Градскиот пазар.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тој, на 08.11.2021 во 13.30 часот на Градскиот пазар во Охрид физички нападнал 43 жител од струшкото село Драслајца, информира порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












