За отпис на долговите досега се пријавиле над 29.000 граѓани.Според министерот за финансии Зоран Ставрески, проектот се одвива одлично со оглед на големиот број поднесени барања. Крајниот рок за поднесување на барања за отпис на долговите е 13 октомври до 16.30 часот.
Се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радио дифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.
Барањата, граѓаните ги поднесуваат во Центрите за социјална работа во местата во кои живеат или во оние најблиску до местото на живеење, во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството, а за негово прифаќање ќе одлучува посебна комисија.
OhridNews