До сега во Охрид поднесени се три листи за собирање на потписи за кандидати за членови на совет и една независна листа на кандидат за градоначалник Сенат Усеиноски.

Носителите на листите за членови на совет се Антонито Наумовски, Арбен Демироски и Стевче Стевоски. Листите чии носители се Наумовски и Демировски веќе ги имаат собрано потребните над 350 потписи, но остануваат листите се уште отворени за собирање потписи додека трае рокот, додека листата, чиј носител е Стевоски понесена е во текот на вчерашниот ден. Според правилата потписи се собираат согласно бројот на жителите во општината. Конкретно за Охрид потребни се 350 потписи, вели Марга Димковска од подрачната единица на Министерство за правда Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори во трката за градоначалник излегува со д-р Кирил Пецаков, додека СДСМ го предложи актуелниот градоначалник д-р Константин Георгиески.

Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори согласно Роковникот на Државната изборна комисија завршува на 30 август на полноќ.

Н.С.Ј.