Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение против две лица за инцидентот што се случи на 13 декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица, кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени.

Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за сторени кривични дела – Убиство од чл.123 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик.

OhridNews