Од Управата за јавни приходи потсетуваат граѓаните дека се обврзници на персонален данок на доход и сите приходи кои ги остваруваат во текот на една календарска година треба да ги пријават во Управата за јавни приходи.

– Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2017 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, потенцираат од УЈП.

Пријавувањето може да се изврши најдоцна до 15 март 2018 година.

OhridNews