Бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион се придобивките од реализација на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ кои денес беа презентирани во Оперативниот и тренинг центар на Планинската спасителна служба во Охрид.
Антонио Додевски од Планинската спасителна служба, истакна дека со проектот се добило многу зошто е проект насочен кон развој на авантуристичкиот туризам од една страна и главниот фокус е обезбедување безбедност во авантуристичкиот туризам што е основен предуслов за развој на ваков вид на туризам.
Креиравме нови туристички производи во авантуристичкиот туризам, изградивме Планинарски дом во Општина Дебрца во село Брежани. Тоа што е клучно ја доопремивме Планинската спасителна служба за ефикасно и безбедно делување во зимски услови, набавивме специјализирана опрема за мобилност во зимски услови, набавивме опрема за безбедност на нашите тимови. Сега сме комплетни и можеме да делуваме во било какви услови на терен во летни и зимски услови. Тоа е она што е клучно од овој проект, потенцираше Додевски.

Мариа Канелопулу, раководител на сектор за економски прашања, градење институции и прекугранична соработка на Европската делегација во Скопје, истакна дека производите од планискиот туризам, инфраструктурата, градење на капацитети, возилата се ова е важно за економскиот развој во рамки на Општина Дебрца и Грамш во Албанија.
Овој проект е во својата втора фаза, ЕУ обезбеди 1 милион евра за проекти и беа таргетирани општини во овој регион и овој Центар за спасување е првиот во овие општини во Македонија и Албанија благодарение на сите кои работеа за тоа. Се надеваме дека ќе придонесе за промоција на овие области и овие места како безбедни за туризмот, на тие кои сакаат да го истражуваат туризмот да бидат поблиску до природата, да истражуваат зимски спортови. Исто така, бев многу среќна што проектот посебно внимание посвети на животната средина со фотоволтаичните панели што овој објект веќе ги има. Проектот пошироко гледаше во изградба на систем за третирање на отпадни води и на систем за мониторинг воспоставен со Националниот парк и своите служби. Ме информираа дека не застануваат тука и се подготвени за аплицирање, а нови повици за финансирање од ЕУ и прекуграничната соработка ќе се објават на почеток на 2023 година, додаде Канелопулу.

Проект е значаен од аспект на тоа што е во целосна корелација со визијата Дебрца да прерасне во извонредна туристичка природна дестинација, затоа што Дебрца со своето природно богатство, која е дел од светското природно наследство, со сите планински масиви кои ги поседува е природно предодредена за развој на зимскиот авантуристички туризам. Токму затоа сите реализирани активности во рамките на проектот беа во таа насока. Кога зборуваме за развој на зимскиот авантуристичкиот туризам, треба да се има услови за развој и на безбеден туризам. Во наредниот период сите ние општините од овој регион треба да ги поддржиме сите активности на ПСС и тој Меморандум за соработка кој го потпишавме не треба да остане само на хартија, туку треба да го преточиме во практика. За нас проектот покрај конкретни бенефити, индирекно придонесе и за јакнење на нашите ресурси во процесот од апликација до реализација на проектот, додаде Ногачески.

Од оваа патека која ние ја изградивме со проектот придобивки имаме сите бидејќи имаме многу добра врска со Општина Охрид. Има можност туристите да поминат од една држава во друга без никаков проблем од страна на Црвениот крст и од наша страна како пожарникари. Тие се многу посигурни во нивните туристички патувања. Придобивките од овој проект делуваат на подобрување на нашите перформанси, но и поголема сигурност токму преку опремата која ја добивме, додаде Лапуши.

Н.С.Ј.













