Реконструктивни зафати за подобрување на условите за згрижување на деца во објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“ се реализирани изминатиот период, информираат од Општина Охрид.


Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети. И понатаму ќе продолжиме со вакви инвестиции, со цел да обезбедиме подобри услови за згрижување на најмладите, вели градоначалникот Кирил Пецаков кој денес беше во увид на реконструктивните зафати.
OhridNews












