Победникот од вечерашниот дуел во 1/4 финалето од Англија и Италија во 1/2 финалето патува на мегдан со Германија. “Панцирите“ во досегашниот тек од првенството покажаа дека се фаворит број еден за освојување на трофејот.

Новопечениот напаѓач на Арсенал, Лукас Подолски го истакна германскиот
менталитет како клучен за успехот на ова ЕП и дека очекува така да
продолжат.

Англија или Италија, за мене е исто. Знаеме дека имаме квалитет да го совладаме секој противник на ЕП. Последен трофеј кој една германска селекцијата го има освоено е во далечната 1996 година, тоа е премногу чекање за нацијата – рече Подолски.

На прашањето за трансферот во Арсенал, Подолски одговори кратко и јасно : “Прво треба да ја завршам работата со Германија на Европското првенство, а потоа ќе се свртам на настапите во дресот на Арсенал – заврши Подолски.

Германија на престојното ЕП е единствена селекцијата која забележа четири победи во четири натпревари. Својата разноврсност и големина “панцирите“ ја покажаа на 1/4 финалниот дуел со Грција совладувајќи ја 4-2.

Мх.П.