Германскиот репрезентативец Лукас Подолски со два погодоци беше најзаслужен за победата на Арсенал 3-1 над Вест Хем на „Емирати“.

Покрај Подолски мрежата на „чеканите“ ја погоди „шпицот“ Оливер Жиру додека во водство гостите ги донесе Метју Џервис.

Во трката за четвртата позиција Арсенал изби пред Евертон еден бод, но „карамелите“ имаат натпревар помалку.

Мх.П.