Рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов, односно 31.07.2020 година. Со цел да им се излезе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите.
Подрачната единица на МЗШВ во Охрид претстојниот викенд (сабота и недела) ќе работи од 07 и 30 до 15 и 30 часот.
Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), кадешто е ставено упатството за аплицирање. – информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.












