Роџер Федерер, Енди Мареј, Томаш Бердих и Марин Чилиќ изборија пласман во четвртфиналето на тенискиот грен слем во Њујорк. Првиот носител на турнирот Швајцарецот Федерер меѓу осумте најдобри се пласира без борба, откако домашниот играч Марди Фиш му го предаде мечот.

Фиш кој пред неколку месеци имаше проблеми со срцето, во понеделникот почувствувал болка во градите, несакајќи да ризикува тој воопшто не се појави на теренот. Противник на Федерер во четвртфиналето ќе му биде Чехот Томаш Бердих. Шестиот носител на турнирот во три сета, во осминафиналето, го победи Николас Алмагро 7:6, 6:4, 6:1.

Три сета за пласман во следната рунда му беа потребни и на олимпискиот шампион Енди Мареј, Британецот против Милош Раониќ ги доби првите два сета со 6:4, а во третиот беше уште поубедлив добивајќи го овој сет со 6:2.  Мареј за пласман во полуфиналето ќе се бори со Чилиќ. Хрватскиот тенисер во осминафиналето го победи најголемото изненадување на турнирот, 50-от играч на АТП листата Словакот Мартин Клижан со 7:5, 6:4, 6:0.

Ohridnews
Извор : “Макфакс“