Членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ во недела по девети пат ќе ја украсат подводната новогодишна елка во водите на Охридското Езеро.

Со оваа новогодишна активност, која веќе прераснува во традиција, охридските нуркачи сакаат да се приближат до новогодишните  трендови и атракции кои ги има насекаде во светот.


– Китењето на подводната елка има за цел да ја збогати понудата на Охрид за Новогодишните празници и да ја надополни празничната еуфорија со која градот се подготвува за дочек на Новата година, вели Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор.

Тој инфомираше дека и оваа година, во украсувањето на елката ќе учествуваат најмладите нуркачи, кои ќе добијат подароци под вода.

OhridNews