Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се намалува цената на ЕУРОСУПЕР БС- 98 и мазутот.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,733 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 70,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 ден/лит.
OhridNews