Охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски во наредните неколку денови ќе учествува на меѓународен поетски фестивал во Истанбул- Турција, на кој ќе земат учество и поети од Италија, Палестина, Ирак, Шпанија, Романија, Грција, Албанија и повеќе градови од Турција.
 
На 26- ти септември, поетите ќе разговараат на тема Мојата поетика, а поетски читања ќе се одржат во повеќе места во Истанбул.

Славе Ѓорѓо Димоски е автор на десет поетски книги, четири книги поезија за деца, три книги со есеи, една антологија на македонската љубовна и еротска поезија. За своето творештво добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои Браќа Миладиновци, Гранпри на европската поезија , орденот Сергеј Есенин, двапати на највисокото охридско признание Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид и др. Дванаесет негови  книги се објавени на други јазици, а неговата поезија преведувана е на над дваесет и пет јазици.

OhridNews