Во рамки на Меѓународниот летен фестивал “ Барски летопис” кој секоја година се одржува во црногорскиот град Бар, на 23 јули со почеток во 21 часот, во Дворецот на крал Никола, ќе биде одржана  авторска книжевна вечер посветена на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.

Вечерта е замислена како контактна- поетска вечер, на која присутните ќе можат да слушнат извадоци од најновите книги поезија на Димоски, “Мерач на зборови”, “ Поле. Бојно поле” и најновата збирка поезија која деновиве излезе од печат во Црна Гора.

Модератор ќе биде Братислав Ташковски.

OhridNews