Поетската збирка „Врвот дно“ од Блаже Петревски која внесе вистински новитети во македонската поезија прогласена за „Најдобра книга поезија“ на манифестацијата кој денеска се одржа во просториите на факултетот „ Св. Апостол Павле“ во Охрид, по повод денот на трудот 1-ви Мај.

Со свои трудови се претставија 32 автори, 14 од немакедонско говорно подрачје, а манифестацијата е одбележена и од страна на грчката книжевна организација Поетикус.

За стихозбирката деканот на Филолошкиот Факуклтет „Блаже Конески“ во Скопје, Владимир Мартиновски, забележува дека е „вистинска реткост поетскиот првенец да биде толку зрело конципиран, толку поетски конзистентен и толку поетички, стилски и мотивско-тематски доследен како што е тоа случајот со поетскиот ракопис“.

Песните распоредени во три циклуси се сведоштва на нов силен поетски глас на македонската поетска сцена. Имено, поезијата на Петревски е обилно ориентирана кон ползување на метафоричкиот потход, но особено впечатлив квалитет на неговата поезија е и елегантното оркестрирање на фонетските фигури, особено преку наметливи, но мошне впечатливи еуфорични структури како на пример: Па чекорам слеп по градот што лула/опседнати чуда од прелеста луда. Поезијата на Петревски го реактуелизира изометриското стиховно пеење(стиховите најчесто имаат 10 до 12 слогови) мисловните и поетските целини вешто се обликувани во стихови кои природно се надоврзуваат, вели Мартиновски.

Блаже Петревски е роден 1987 година во Охрид. Основно и средно образование завршил во родниот град. Студирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.

OhridNews