По повод претстојниот Ден на жената, во Прличевата одаја во НУ Градска библиотека денес ќе се одржи поетско читање на стихови од осум светски познати поетеси.

Присутните ќе имаат можност да чујат стихови од поетесата Емили Дикинсон од САД, Елзе Ласкер Шилер од Германија, Габриела Мистрал, писателка  од Чиле, Ана Ахматова од Русија, Елисавета Баграјана од Бугарија, Десанка Максимовиќ од Србија, Весна Парун од Хрватска и Викторија Теодору од Грција, информираат од Градската библиотека.

Стиховите ќе ги читаат Лилјана Мартинова и Катерина Каневче.

Од оваа установа најавуваат поетски читања и за одбележувањето на Светскиот ден на поезијата 21- ви март, кога е предвидено претставување на поезијата на  полската поетеса Вислава Симборска. На сличен начин, со петско читање ќе биде одбележан и  Светскиот ден на детската литература.

OhridNews