Светскиот ден на поезијата 21- ви март, во НУ Библиотека „Григор Прличев“, ќе се одбележи со поетско читање на кое ќе се претстави поезијата на  полската поетеса Вислава Шимборска.

Поетското читање ќе се одржи утре, во 12 часот, во Прличевата одаја во библиотеката „Григор Прличев“, каде беседа за нобеловката ќе одржи Тоде Илиевски, а стихови од поетесата ќе читаат Катерина Каневче и Лилјана Мартинова.

На сличен начин е предвидено да се одбележи и  Светскиот ден на детската литература.

OhridNews