Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за три денари, а дизелот за 2,5 денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,00 денари, а на Еуросупер БС-98 78,50 денари за литар.

Биодизелот Б8 БС ќе се продава за 68,50 денари,  Еуродизелот (Д-Е В) по 67,50 денари, а екстра лесното по 56,5 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,440 денари за килограм.

OhridNews