Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизел горивата се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 27,498 денари за килограм.

OhridNews