Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, поевтинува само Мазутот М-1 НС, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,136 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.11.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,708 ден/кг.
OhridNews











