Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините  поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 1,5 денари за литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и ќе чини 71 денар за литар.

Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена ќе изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 ден/кг  и ќе изнесува 43,005 ден/кг.

OhridNews