Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот за два денари по литар.

Цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 денари, а на литар ЕУРОСУПЕР БС-98 79,50 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денари по литари ќе се продава за 66 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,195 ден/кг.

OhridNews